(ФОТО) Гордиот Здравко Чолиќ се пофалил: „Ова е мојот најмлад фан – има шест месеци и’ е од Велес!

Пејачот на обожавателите им го претставил својот, како што рекол, најмлад фан. Веселиот Чолиќ не ја пропуштил можноста да позира со малечкиот Драган во прегратка. Бил воодушевен од момченцето…
„Драган имал само шест месеци кога со родителите бил на мојот концерт во Велес, на 7. октомври оваа година“ напишал Здравко Чолиќ (66) на неговата официјална страна на Фејсбук.

Најавувајќи го 15. албум во кариерата, Здравко Чолиќ, го снимил синглот „Сливите родија“. Снимањето на спотот траело три дена, а главни протагонистки се дваесет убавици кои извршуваат домаќински работи на еден салаш во Војводина.За снимањето биле ангажирани 50. соработници.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ги изненадил патниците – Крис Мартин, пред да се качи во авион, клекнал и ја бакнал пистата: Ова го прави од 2005 година

Фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, ги изненадил патниците откако клекнал и го бакнал асфалтот на …