Дискусија на тема „Книгите во служба на менталното здравје“

На 08 февруари 2024 година (четврток), во 19 часот, во Café Literatura во Скопје сити мол, а во рамки на „Денови на литературата“, ќе се реализира настан посветен на менталното здравје. На тема „Книгите во служба на менталното здравје“ ќе дискутираат Христина Стефановска („Железница на чувствата“), Билјана Велковска („Психосоматика“, „Умешноста на лутината“), Мартин Јовановски („Зошто јас?“) и Татјана Димовска-Атанасова – уредничка во „Арс Ламина“.

Целта на настанот е подигање на свесноста за важноста на менталното здравје преку понуда на конкретни стратегии, методи, техники и лични искуства, но низ призма на актуелната книжевна продукција. Некои од темите за кои ќе стане збор се: препознавање на емоции и справување со нив, врсничко насилство, трауми, анксиозност, депресија и панични напади.


Основа на дискусијата ќе бидат книгите на Стефановска, Велковска и Јовановски, но и примери од светската книжевна продукција што се занимава со оваа тематика („Е, баш ме заболе“, „Што ти се случило“, „Здив“, „Гласот во нашата глава“, „Петминутна терапија“, „Како да правите ништо“).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …