Денес се сеќаваме на нашиот истакнат сликар, карикатурист и сценограф Василие Поповиќ – Цицо

Василие Поповиќ – Цицо е роден во Скадар на 12 февруари 1914 година. Македонски сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар. Цицо е дизајнер на грбот на НР Македонија, врз кој во голема мера се темели и денешниот грб.

Василие Поповиќ на своја петгодишна возраст се преселува во Скопје, каде што живее сè до крајот на својот живот. Своите сликарски вештини по гимназијата ги усовршува кај тогаш веќе етаблираниот уметник Никола Мартиновски, кому му помагал при изработката на неколку ѕидни слики, меѓу кои и слика за куќата на скопскиот трговец Михајло Шкаперда во 1933 година.


Во периодот на почетокот на Втората светска војна и борбата против фашистичка Германија, од април 1941 година, Цицо е во повеќемесечно заробеништво во три концентрациони логори (Либек, Хоенфалс и Нирнберг). Во 1944 година, Цицо е интерниран, овојпат во бугарски логор во Горна Џумаја (денешен Благоевград), но по интервенција на пријатели од Македонија и од Бугарија, тој е ослободен и набргу потоа отишол во партизани. Таму тој се ангажира во Агитпропот на Главниот штаб на НОВ, сместен во селото Горно Врановци. Во овој период изработува цртежи и портрети на личности од неговото опкружување, како и карикатури за првото издание на весникот „Нова Македонија“ и за весникот „Македонка“ на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија.

Починал во Скопје на 10 декември 1962 година, на 48 годишна возраст.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …