Денес роденден слави нашиот композитор и диригент Сони Петровски

Сони Петровски е роден во Сиднеј, Австралија на 4 јануари 1977 година. Тој е композитор, диригент и универзитески професор.

Средно музичко училиште завршил во Битола, а дипломирал на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Гоце Коларовски. Посетувал семинари кај реномирани композитори во Македонија и странство, меѓу кои: Brian Fernheyhough, Krzystof Meyer, Faradj Karaev, John Woolrich, Pierre Allain Jaffrennou, Eric Gaudibert и други.


Од 2001 година работи на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Бил уметнички директор на фестивалот „Денови на македонска музика“. Од 1998 до 2006 година бил основач и уметнички раководител на Ансамблот за современа музика „Алеа“ со кој остварил бројни настапи во Македонија и странство, промовирајќи ја современата македонска и светска музика. Во 2009 е добитник на наградата „Панче Пешев“ за композицијата „Зодијак“ доделена од Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ. Во 2012 бил избран за Претседател на СОКОМ.

Автор е на повеќе од 70 оригинални композиции и обработки во речиси сите жанрови. Операта „Леандар и Косара“, симфониски, концертантни, камерни, вокални, хорски и солистички дела. Автор е на повеќе нумери од албумот „Божилак“ на Тоше Проески како и 30-тина оркестрации на неговите песни изведувани ширум Балканот. Неговите дела се изведувани во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Словенија, Франција, Унгарија, Австрија, Италија, Германија, Новрешка, Полска, Русија, Украина, Данска, Холандија, Велика Британија, Нов Зеланд, Канада. Неговите дела се издадени на носачи на звук од СОКОМ, Музичка младина на Македонија, Трио Интерарт, City Records, Hit Records, Hi-Fi Centar.


Среќен роденден Сони, ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдете рамнотежа – Одредена храна може да предизвика забрзано стареење, намалете го внесот на овие намирници

Храната што ја консумираме секојдневно игра важна улога во нашето тело, а некои од нив …