Илиjа Наjдоски е роден на 26 март 1964 година во Крушево. Тој е поранешен југословенски и македонски фудбалер, кој играл во одбраната.
Фудбалската кариера, Најдоски ја започнал во ФК „Победа“ од Прилеп, а потоа преминал во ФК „Вардар“. Тој бил дел од генерацијата на „Црвена Ѕвезда“, која во 1991 година го освоила Купот на европските шампиони, а потоа станала и светски клупски првак. Исто така, Најдоски играл и за Реал Ваљадолид, Денизлиспор, ЦСКА од Софија, а кариерата ја завршил во швајцарскиот Сион со кој станал шампион во лигата и освојувач на купот.
Среќен роденден Илија, ти посакува редакцијата на Екран.