Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар и универзитетски професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Шумковски е значаен за промените во македонската уметност во постмодернизмот.
Дипломирал во 1986 година, а магистрирал во 1999 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Самостојно излагал во Скопје, Белград, Брисел, Њујорк и Стокхолм. Учествувал на биеналето во Сао Паоло во 1994 година и во Венеција во 2001 година.
Во сликите, објектите и инсталациите го практикува методот на деконструкција на моделите и на значењата на јазикот на модерната уметност.
Учествува на многубројни групни изложби и значајни интернационални проекти. Редовен професор е на ФЛУ од 2002 година.
Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Јован Шумковски.