ЧЕСНО ИЗВИНУВАЊЕ – Гестот на оваа мајка го воодушевил регионот: „Извини сине што не верував дека ќе ја видам твојата диплома!“

Фотографијата на денот ни доаѓа од Нови Сад, каде една мајка се обидела на многу оригинален начин да му се извини на своето дете за недостатокот на верба во него.
„Извини, синко, не верував дека ќе ја видам твојата диплома“, стои на транспарент кој го држат две девојки на паркингот додека мајката клечи во знак на извинување.
Фотографијата на Инстаграм ја објави страницата nsuzivo.rs, а за еден час веќе собрала повеќе од 6.000 лајкови.
„Фер извинување“, стои во описот на фотографијата.


Бидејќи е многу ретко да се гледаат родители како им се извинуваат на своите деца, затоа што сме воспитани дека родителот е секогаш во право, дури и кога не е во право, овој гест на мајката сигурно заслужува секаква пофалба и признание. Детето сепак успеало да добие диплома, иако мајката не верувала во тоа.
Верувајте им на вашите деца, дури и кога мислите дека немаат шанса. Кој ќе верува во нив, ако не родителите?


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …