Бекамови се во долгови од 64. милиони евра

Модната дизајнерка Викторија Бекам и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам наводно се длабоко во долгови, а како што пренесуваат странските медиуми, две работи се виновни за целосното деловно фијаско.
Викторија и нејзиниот сопруг, наводно, не можат да се пофалат со успехот на нивниот моден бренд, а како што пренесуваат странските медиуми, наталожените долгови наводно достигнале околу 64. милиони евра, што е за околу 11. милиони повеќе од долговите што ги имале минатата година.
Деловниот неуспех не се случил преку ноќ, нивната компанија направила долг од 18. милиони евра во 2019. година, а речиси осум во 2020. година. И’ покрај вознемирувачките бројки, славната двојка се уште остварува голема заработка. Во 2020. година, Бекамови оствариле профит од повеќе од 13. милиони евра.
Се вели дека причината за неуспехот на бизнисот е пандемијата која нанела значителна финансиска штета на модната индустрија.

This image has an empty alt attribute; its file name is bekamovci-2.jpg
Сепак, неуспехот на модниот бренд наводно е поврзан и со нестабилната врска во семејството, поточно онаа помеѓу Викторија и нејзиниот син Бруклин. Нивната врска е затегната поради сопругата на Бруклин, Никола Пелц, која Викторија наводно не може да ја поднесе.
Неодамна и самата Никола проговори за кавгата и откри дека мисли дека гласините потекнуваат од тоа што за венчавката не избрала венчаница од Викторија, туку од модната куќа Валентино.
„Имав намера да ја облечам нејзината венчаница и многу сакав, но по неколку месеци таа рече дека нејзиното ателје не може да го направи тоа, па морав да изберам друг фустан“, изјавила Никола.
Таткото на Никола, Нелсон Пелц, е американски финансиер чие богатство, според Форбс, се проценува на 1,7 милијарди долари. Свадбата на Никола и Бруклин се одржа на нивниот имот вреден 103. милиони долари во Палм Бич, Флорида.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …