In memoriam: На 63. години почина новинарката Гордана Стошиќ


По кратко боледување утрово во Скопје на 63 годишна возраст почина долгогодишната новинарка Гордана Стошиќ, соопшти Зрдужението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразувајќи длабоко сочувство до семејството на колешката.
Во почетокот на 1990-те беше дел од тимот на популарната дебатна емисија на МРТВ „Без наслов но со повод“ од каде премина во А1.
Во својата богата новинарска кариера Стошиќ беше генерален директор на Македонската радио-телевизија (МРТВ) во периодот од 2002 до 2006 година како и уредник на информативната програма во првите години кога се основаше А1 телевизија.
Стошиќ во уредничката кариера остави печат со обуката на млади новинари. Во својот работен век Стошиќ раководеше и низа други медиумски проекти, а беше активна и во граѓанскиот сектор.
Редакцијата на „Екран“ упатува сочувство до нејзиното семејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Енергија директно од природата: Nutrino Lab Energy Boost – нова природна линија на производи од Baby Food Factory

  Заборавете на сите брзи решенија за енергија, бидејќи вистинската, трајна енергија доаѓа од природата. …