Бањаја со победа на ГН на Холандија се зацврсти на чело на генералниот пласман

– Италијанецот Франческо Бањаја победи денеска на МотоГП Големата награда на Холандија во Асен, пред сонародникот Марко Безечи и Јужноафриканецот Бред Биндер, зацврстувајќи ја со тоа водечката позиција во генералниот пласман на две трки пред летната пауза.

Возачот на Дукати ја запиша четвртата победа оваа сезона, додека француските возачи, Фабио Квартараро (Јамаха) и Јохан Зарко (Дукати) мораа да се откажат.


Јужноафриканецот Биндер, трет на целта, беше казнет бидејќи го пречекори ограничувањето на патеката пред крајот на трката и на крајот заврши на четвртото место зад Еспергаро.

Вториот во генералниот пласман, Шпанецот Хорхе Мартин (Дукати) ја заврши денешната трка на петтото место. ег/ссм/ФОТО:Фејсбук .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …