„Ауди“ ја повлекол „провокативната“ реклама со девојчето и бананата!

Германскиот производител на автомобили, Ауди, се извинил за рекламата во која снимиле девојче како јаде банана пред автомобил со високи перформанси, што веднаш предизвика лавина на критики на Твитер.
„Го слушаме вашиот глас, но ајде да бидеме јасни: Ние се грижиме за децата“, напишале во твитот со извинување, додавајќи:
„Искрено се извинуваме за оваа фотографија и ќе се погрижиме да не се користи во иднина“.


Критичарите велат дека позицијата на детето е „провокативна“ и опасна по живот. Некои истакнале дека возачот не можел да види дете чија глава не се гледа премногу над хаубата и кое се потпира на предниот браник на автомобилот.
Други ја критикуваа сексуалната сугестија на таа фотографија каде што бананите и автомобилите честопати се симбол на машка страста.
Англискиот слоган на Ауди над таа фотографија гласи: „Нека твоето срце побрзо чука – во секој поглед“.
Германската компанија соопштила дека започнала истрага за тоа како е објавена оваа фотографија.
Во мај германскиот гигант Фолксваген, сопственик на Ауди, имал сличен проблем на социјалните медиуми. Во тоа време, на рекламата бил црномурен маж кој маневрира со пар бели женски раце, пред со лесен удар, да го исфрли од жолтиот VW Golf, а се проследено со гласни звучни ефекти.
Контроверзната реклама со девојчето е снимена за промовирање на моделот RS4 на Audi, а на нивната официјална веб-страница моделот се рекламира како семеен автомобил, што веројатно и ја покрена лавината негативни критики на социјалните медиуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …