АМЕРИКАНСКИТЕ РАЗУЗНУВАЧИ КОНЕЧНО ОБЈАВИЛЕ: Завршена е истрагата за потеклото на корона вирусот

Американската разузнавачка заедница објави резиме на извештајот за резултатите од истрагата за потеклото на вирусот корона.
Според нивните наоди, корона вирусот е од природно потекло, се појавил во ноември 2019. година, а кинеските власти не знаеле за тоа пред избувнувањето на епидемијата во Вухан.
-САРС КоВ-2, вирусот што предизвикува ковид-19, најверојатно избувна со инфицирање на луѓе преку првична изложеност од мал обем што се случи најдоцна до ноември 2019. година, со првиот кластер на ковид-19 во декември во Вухан, Кина – соопшти канцеларијата на директорот на националната разузнавачка заедница.

Вирусот не настанал како биолошко оружје, се вели во извештајот.
– Повеќето разузнавачки агенции проценуваат, но со резерва, дека вирусот најверојатно не е генетски модифициран. Сепак, две агенции веруваат дека нема доволно докази за такво тврдење. Исто така, кинеските власти немаа знаење за вирусот пред да избувне инфекцијата во Вухан – се наведува во извештајот.


Кога станува збор за начинот на кој настанала првичната изложеност на вирусот, американските разузнувачи веруваат дека се можни теории и за природниот пат и за „истекувањето“ од лабораторијата.
Четири американски разузнавачки агенции, со резерва, проценија дека вирусот се пренесувал на луѓето од животни. Една агенција, од друга страна, е убедена дека вирусот преминал на луѓето како резултат на инцидент во лабораторија, и дека најверојатно се работи за експерименти, контакт со животни или контакт со примероци во лабораторијата во Вухан, се наведува во извештајот.
Соработката на Кина ќе биде неопходна за конечно да се утврди потеклото на вирусот, се заклучува во извештајот на американското разузнавање.


Извор: novosti.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …