Ако се борите со негативни мисли, една навика може да биде виновникот

За целосна рамнотежа на организмот, важно е да се грижиме и за менталното и за физичкото здравје
Ако често се борите со негативните мисли, виновна е една лоша навика, предупредуваат експертите.

Имено, станува збор за недостаток на сон.


Истражувањето објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences покажало дека недостатокот на сон го оневозможува вашиот мозок да се одбрани од негативните мисли.

Веќе долго време знаеме дека лошиот сон е главен фактор за регулирање на емоциите, но научниците дури сега ја утврдиле причината. Истражувачите од Универзитетот во Јорк и Универзитетот во Источна Англија тестирале 85 здрави возрасни лица. Едната група спиела цела ноќ, додека другата останала будна.


Со помош на најсовремена технологија, тие ја анализирале нивната мозочна активност покажувајќи им фотографии од различни лица и сообраќајни несреќи, тепачки и слично. Потоа од нив било побарано да се потсетат или да ги потиснат спомените поврзани со секое лице.
Резултатите биле впечатливи: луѓето кои спиеле цела ноќ покажале многу поголема активност во десниот дорзолатерален префронтален кортекс (командниот центар на мозокот за мисли, акции и емоции) кога ги потиснале негативните спомени.

Од друга страна, групата луѓе кои останале будни се бореле да ги задржат своите негативни мисли под контрола, покажувајќи помала активност во споменатиот дел од мозокот.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како да заспиете за 60 секунди? Техниката 4-7-8 во борба против несоницата

Техниките за релаксација и дишење, визуелизирање на смирувачка сцена и подобрување на хигиената на спиењето, …