Академскиот уметник Зоран Арсовски –Бабата со своите дела на светски изложби

Академскиот уметник Зоран Арсовски –Бабата, продолжува да ги презентира своите уметнички дела кои пленат со многу позитивна енергија, силен колорит, мајсторски потез, концепт, идеја и возвишено творечка креација која доаѓа од вселената и креаторот на земјата планета.

По серија на изложби кои уметникот Арсовски ги направи во Европски рамки од кои може да ги издвоиме проектите „Тектонски пореметувања” подоцна проектот „Космички бумеранг” сите презентирани во познати Галерии почнувајки од Белград на Калемегдан, Софија, Истанбул и така натака последено со учество на изложбата „Без дистанца” во Русе градот на Дунав каде се претстави со сосема нов концепт на слики кои гласно говорат со еден универзален ликовен јазик разбирлив за целиот свет во кој живееме.


Визуелните форми во кои Арсовски користи и сликарски материјали кои тој прв ги внесува на сликарско платно и воедно е креатор на таа сликарска техника, привлекуваат големо внимание кај љубителите на уметноста. Инаку главната инспирација за создавање на уметнички дела тој црпи од секојдневниот живот, контакт со многу луѓе од различни професии, како и природните феномени што се случуваат во универзумот за него од секогаш биле појдовна точка која завршува во ликовно дело, кое се потврдува со бројни награди и признанија за придонес во уметноста и културата.

Навистина скромноста ги краси големите луѓе па таков е случајот со Зоран Арсовски – Бабата кој веќе има понуди за излагање на своите уметнички творби во светски познати Галерии ширум светот за кои Арсовски скромно ни одговори дека веќе се во тек неговите подготовки.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …