Денес попладне на повеќе места пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на ситен град!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Денес во попладневните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Не се исклучува можноста и за ретка појава на ситен град.


Во делови од Скопскиот регион исто така ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

На планините со надморска височина од над 1400 – 1500 метри ќе има врнежи оед снег, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈАВА ЗА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: За време на викендот температурите ќе надминат 30 степени, но стабилно ќе биде само во петок и во сабота, потоа невреме

Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на …