(ВИДЕО) И’ КОЛЕГАТА СЕ ЗБУНИЛ – Гаф на српска новинарка: Го помешала црн петок со христијанскиот Велики петок

Отпрвин таа не го разбрала својот лапсус и го повторила неколку пати
Новинарката на српската „Прва ТВ“ во живо известувала за попусти по повод црниот петок, но во неколку наврати црниот петок го заменила со христијанскиот празник – Велики петок.
Имено, новинарката прво не го сфатила нејзиниот лапсус и го повторила неколку пати, а водителот Дејан Пантелиќ веднаш ја забележал нејзината грешка и нагласил дека треба да разјасни дали зборува за Велики или црн петок, па тој така збунет и самиот згрешил и рекол дека Велики петок е на 6. јануари.


„Дали реков Велики петок, извини“, рекла новинарката и се насмеала кога сфатила каков лапсус направила.
„Не е важно“, одговорил нејзиниот колега, несвесен дека и тој самиот згрешил.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Верица Пандиловска !!!

Верица Пандиловска е родена на 13 мај 1973 година во Тетово. Таа завршила нижо музичко …