(ФОТО) Ова е идеален колач за пост на вода

Посна јафа ќе ги изненади вашите домашни и ќе ги убеди дека и од посни продукти можат да се подготват одлични посластици, подеднакво вкусни како да се мрсни.
Нема разлика, проверете сами.
Состојки:
4 шољи бело брашно
4 шољи остро брашно
2 шољи шеќер
100 г мелени ореви (или рогач, мелен афион, кокосово брашно)
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво
рендана коричка од лимон и портокал
4 шољи вода
100 г суво грозје
3 лажици гриз
Прелив:
4 шољи шеќер
4 шољи сок од портокал
1 портокал
Подготовка:сувото грозје исчистете го, полијте со топла вода и оставете да отстои десетина минути. Исцедете го и измешајте со гризот. Сите горе наведени состојки измешајте ги, да нема грутчиња и оставете тестото малку да отстои, околу 10. минути. Истурете во калап за куглоф или тавче, обложено со хартија за печење. По површината нафрлете го сувото грозје и ставете да се пече во рерна загреана на 170 – 180 степени. Би требало да се пече околу 20 минути.
Со топлиот прелив полијте го топлиот колач.
Оставете колачот да се лади околу 15. минути, исечете и оставете да отстои и уште да го впива преливот. Добро е колачот да го избоцкате со чепкалка за да подобро впие.
Најдобро е да го послужите после неколку часа или наредниот ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …