(ВИДЕО) Пепа Димитрова со спот за новата „Со тебе немам сон”

Пепа Димитрова промовираше нова песна и нов спот. На својот YouTube канал, денес, точно на пладне се појави видео записот за песната “Со тебе немам сон”. Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот на Владимир Дојчиновски Дојчин. Спотот го потпишува Зоран Стојановски Зонде.

This image has an empty alt attribute; its file name is So-tebe-nemam-son-pepa-dimitrova.jpg
-Се работи за модерна песна, со побрз ритам, а спотот ја следи песната. Се одлучивме за поартистичен видео пристап и мислам дека ќе ја освои публикатата. Посебно ме радува што промоцијата се случува пред Новогодишните и Божиќните празници бидејќи тоа е период во кој сите ние повеќе одмараме, се дружиме, си даваме себеси повеќе слободно време за уживање, а тоа секогаш е придружено од добра музика. Се надевам дека изборот на слушателите ќе биде македонска музика и би била среќна доколку „Со тебе немам сон”, се најде на нечија омилена плејлиста – изјави Пепа Димитрова.


Песната „Со тебе немам сон”, како и претходните две, „Длабоко” и „Студени очи”, ќе бидат дел од првиот албум на оваа македонска пејачка.
Спотот е достапен на следниот линк:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …