(ФОТО) НАЈСТАРА МАНЕКЕНКА – Ирис Апфел и во 100. година продолжува да работи бидејќи сака да остане жива

Ако престанав да работам, одамна ќе си заминев, рекла таа…
Ирис Апфел, модна икона и декоратерка на ентериер, пред неколку дена со стил го прослави својот 100 роденден.
– Повеќе е повеќе, а помалку е здодевно – е мантрата по која легендарната Ирис Апфел се водела цел живот. И покрај напредната возраст, Ирис ги инспирира и мотивира луѓето да бидат смели, оригинални, храбри и свои.
Таа продолжува да работи на 100 -годишна возраст, бидејќи сака да остане жива.

-Ми кажаа дека зајдисонцето од зградата на сто ката се најспектакуларните, рекла Ирис, додека годинава продолжува самопрогласената „геријатриска старлета“, позната по очилата со тркалезна рамка, смели бои и огромен накит продолжува да работи.


View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)


„Да престанав да работам, одамна ќе заминев“
Само оваа година, таа создаде линија домашни производи за „Love’s Cos“ и колекција очила за „Zenni Optical“, како дел од четиригодишниот договор со компанијата.


Со текот на годините, таа се истакна во различни улоги, од сопственик и дизајнер на текстилна компанија, дизајнер на ентериер, професор на Универзитетот во Тексас до најстарата личност со потпишан договор за моделирање.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Танцовите перформански „Табу република“ и „Напуштена иднина“ вечерва на Танц Фест 2024

Вечерва во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот, во рамките на јубилејното издание …