ДЕН НА ЖАЛОСТ НА 20. ЈУЛИ: Во Белгија 31. жртва од поплавите, 163. лица се водат како исчезнати

До синоќа во Белгија се потврдени 31. жртва од поплавата, која ја погоди оваа и соседните земји по обилните дождови минатата недела.
Покрај бројот на жртви, бројот на исчезнати расте секој ден, а белгиските власти во моментов трагаат по 163. лица.
Центарот за кризи ги повикува граѓаните што е можно побрзо да дадат информации до локалната полиција во случај да не можат да стапат во контакт со некој од нивните роднини.
Премиерот на Белгија, Александар де Кроа, го објави Националниот ден на жалост за 20. јули како „момент на сеќавање на жртвите, но и момент на солидарност и единство на нацијата“.
Де Кроа минатата недела процени дека поплавите што ја погодија територијата на Белгија минатата недела може да бидат најголемата природна катастрофа што ја снајде таа земја.

Фото: Танјуг


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …