(ВИДЕО) Се согласила да се омажи за самохран татко на шест деца: Еве како изгледа нивниот живот!

Една сосема чудна приказна со среќен крај…
Русинот, Антони Кудравцев, е самохран татко на шест деца. Пред неколку години, бил еден среќен човек кој имал сопруга и три деца. Кога неговата сопруга по четврти пат забременила, парот на ултразвук открил дека чекаат тројка.
Сепак, оваа одлична вест била засенета од еден ужасен настан: на неговата сопруга и бил дијагностициран карцином.
Таа се соочи со ужасен избор: или да си го спаси сопствениот живот или животот на неродените деца. Ги избрала децата.
Антон остана без жена, сам со шест деца.


Руската телевизија снимлаи приказна за самохраниот татко, а по емитувањето, Антон добил многу писма од жени кои сакаа да му помогнат да ги воспитува децата.
Антон одбрал да ја запознае Људмила. На првата средба со Лудмила, ги донел сите свои деца. Вистинското изненадување било колку деца се поврзале со Људмила.
Љубовта помеѓу Антон и Људмила се случила веднаш. Двојката решила да се венча. Људмила веќе имала син од првиот брак, но не се плашела да дојде во дом со многу деца.



Таа признала дека едвај успеала да се придржува кон своите обврски на почетокот, но Антон и помагал со сè. Интересно е што по две години брак, парот решил да посвои две деца од сиропиталиште.
Значи, ова необично семејство доби уште два нови членови кои одлично се вклопуваат.
Антон, Људмила и нивните девет деца наскоро се преселуваат во поголема куќа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …