93. доделување на Оскарите се одлага поради корона: Беше закажано за 21. фверуари!

Иако церемонијата за Оскарите беше закажана за 28. февруари 2021. година, се чини дека истата ќе биде одложена до понатамошно известување поради пандемијата на коронавирус.
„Веројатно ќе биде одложено“, изјавил еден од добро информираните извори за странските медиуми, предупредувајќи дека деталите, вклучително и потенцијалните нови датуми, сè уште не се целосно разгледани или формално предложени.
Во исто време, друг извор тврди дека датумот на АБЦ е моментално непроменет.
Кога во април беа објавени новите привремени измени во правилата за освојување на Оскарите, поради епидемијата на коронавирус, претседателот на Академијата, Дејвид Рубин, рече дека е рано да се знае како може преносот на Оскарите во 2021 година да се промени поради пандемијата.
“Се уште не е можно да се знае со сигурност. Знаеме дека сакаме да ги славиме филмските достигнувања, но не знаеме во каква форма ќе биде”, реколтој во таа пригода.
Според вообичаените правила – филмот мора да има седумдневна проекција во кината во Лос Ангелес, со цел да се квалификува за Оскар. Сепак, за оваа година филмовите кои се дигитално објавени може да се квалификуваат ако студиото првично планирало театарска проекција.


“Мислам дека сите сочувствуваат со режисерите и ние сме тука да ги поддржуваме нашите членови и филмската заедница. Има смисла кога навистина не знаеме што ќе се случи во однос на достапноста на кината … Мора да направиме исклучоци само за оваа година и за времето кога кината не се отворени, така што одличните филмови сè уште можат да се видат и слават“, објаснил Рубин.
Новите измени во правилата вклучуваат дозволување на проекциите квалификувани за Оскар да се одржат во Њујорк, Чикаго, Мајами, Атланта и други делови наместо, како што беше случај досега, само во Лос Ангелес.
Академијата одбила да ги коментира новите обвинувања и сè уште е нејасно дали одложувањето на Оскарите ќе значи и дека Академијата ќе им овозможи на филмовите објавени по крајниот рок да се квалификуваат за Оскарите во 2021 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …