(ФОТО) НЕУСПЕШНИ ОБИДИ ЗА СМИРУВАЊЕ – МЕДОКС НЕ ГО ПОДНЕСУВА БРЕД ПИТ: Глумецот откажал се за да се обиде да се СМИРИ, но лошиот однос продолжил!

Бред Пит, поради семејни причини, одлучил да изостане од доделувањето на наградите во Велика Британија , па актерката Марго Роби во негово име го прочита говорот што тој го подготвил.

Актерот ги откажал сите свои должности затоа што е во лоши односи со неговиот син Медокс, уште од 2016 година кога Бред и Ангелина се расправале пред нивниот син. Пит се обидува да се доближи до својот син и сака да помине што е можно повеќе време со него.



„Медокс е на колеџ, па кога Бред дозна дека ќе биде дома за време на церемонијата на доделување на наградите во Лондон, тој откажа сè за да го види“, велат извори блиски до актерот.


„Немаше никаков контакт меѓу нив, но тој се надева дека кога Медокс ќе порасне повторно ќе се зближат“, рекол пријател на Бред.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …