(ФОТО) НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ШЕНОН ДОЕРТИ: Глумицата објавила дека канцерот и е во четврти стадиум!

Познатата актерка и sвезда од серијалот „Беверли Хилс“, која беше популарна во 90-ттите години, Шенон Доерти објавила дека боледува од карцином и дека болеста и е четвртиот стадиум.


View this post on Instagram

Friends through it all ❤️ (📷: @sarahmgellar)


A post shared by E! News (@enews) on


Нејзината колешка, актерката Сара Мишел Гелер, изјавила дека нејзиниот живот е тежок, но дека знае дека Шенон е силна.
Имено, скоро три години откако објави дека нејзината болест е во ремисија, Шенон мораше да ја извести јавноста дека ракот се вратил и сега е во четврта фаза.
„Мојот карцином се врати. Морав да ја известам јавноста за тоа, но мислам дека сè уште не се согласив со тој факт“, рече таа, според порталот Enews”.

Шенон Доерти (48) признала дека дознала дека нејзината болест се вратила пред една година, но дека нема сили да зборува за тоа. Сакала да покаже дека може да работи дури и кога е многу болна.


“Добив горчлива пилула која морам да ја проголтам. Многу ми е тешко. Има денови кога се прашувам зошто јас, а потоа понекогаш ја прифаќам болеста и си кажувам зошто не јас? Кој друг? Кој друг? Кој друг го заслужува ова? Никој од нас не го заслужува тоа. Најголема грижа ми беше како повторно да им кажам на мајка ми и сопругот“, рекла таа.

Актерката се вратила на работа и прифатила улога во продолжението на серијата „Беверли Хилс“, како што рекла, да му оддаде почит на починатиот колега Лук Пери, кој починал од срцев удар непосредно пред да започне снимањето.

На познатата актерка и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година, а своите искуства таа често ги споделуваше со своите обожаватели на Инстаграм. Ги известуваше за тоа како поминува во третманот, хемотерапијата, опаѓањето на косата, операциите, солзите и тагата со кои се соочуваше. Во април 2017. година, таа објави дека болеста е во ремисија. Сепак, нецели две години подоцна, ракот се вратил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …