(ВИДЕО+ФОТО) Модерен Робинзон Крусо – БИЛ МИЛИОНЕР А ПОТОА ИЗБЕГАЛ НА ОСТРОВ: Веќе 22. години таму живее со куче а има само една желба!

Поранешниот милионер Дејвид Глашин имашл компанија која што ископувала злато во Папуа, Нова Гвинеја. Тој работел со, во тоа време,најголемите светски бизнисмени и компании, а потоа, по падот на берзата во 1987 година, тој изгуби голем дел од своето богатство.
Кога сопругата го напуштила, тој решил да се пресели на мал остров на северо-истокот од Австралија. Друштво му прави куче.
“Сакам да умрам овде. Ова е мојот рај на земјата. Кога дојдов на островот, бев отруен од желбата за пари. Парите ги трујат луѓето. Поради тоа, мојот брак се распадна”, објаснил Дејвид во документарецот за неговиот живот.


Поранешниот милионер истакнува дека понекогаш му недостасува да разговара со луѓето и би сакал некој да го посети неколку пати годишно. Тој ја сака природата што го опкружува, но додава дека може да се случи ако се најдете во неволја на островот, нема никој да ви помогне и смртта е неминовна.
„Мора да размислувате позитивно цело време инаку ќе полудите затоа што работите ве искушуваат и не секогаш одите во посакуваната насока“, вели тој.
Нешто секогаш може да тргне наопаку, вели тој. „Се појавува бура или можете да си го скршите колкот“, вели овој 76-годишник, кој навистина го скршил колкот, но за среќа имал сателитски телефон при рака.


„Јас би умрел, да не беше тој телефон. Но, морав да ползам 60 метри“, додал тој.
Еднаш годишно го напушта островот за да си обезбеди намирници за живот.
Сето тоа е различно од неговиот поранешен живот кога тој имал околу 37 милиони долари. Сепак, вели дека бил „поправен“ за 22. години што ги поминал на островот.


„На секого му треба заздравување во одреден момент од нашите животи и тоа е она што ми се случи“, рекол Дејвид.
Сепак, она што му е тешко е разделбата од семејството. Тој има син (21) и ќерка кои никогаш не го посетила островот. Исто така, доживеал трагедија кога неговата втора ќерка се самоубила пред 6. години.
Покрај тоа, австралиските власти сега сакаат да го иселат од овој остров. Дејвид сака да го помине остатокот од животот овде, но прашање е дали ќе може да го направи тоа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …