„3 генерации Ташковски“ – изложба во МАНУ

Во четврток на 11 април 2024 година во Македонската Академија на Науките и Уметностите во Скопје, со почеток во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата на трите генерации уметници, Ристо Ристовски, Васко Ташковски и Лара Ташковска.

Ристо Ристовски е роден 1912 г. во с. Нижополе, Битола. До јули 1928 година се занимава со земјоделие, а од август истата година учи шеќерџиски занает во Скопје во бонбонџиската работилница Европа. Со сликарство активно почнува да се занимава од септември 1976 година до јуни 1982 година. Во тој период насликал 314 слики во техника темпера. Самостојни изложби: 2024 – Скопје; 2024 – Охрид; 1986 – Скопје; 1987 – Светозарево; 1989 – Битола. Има учествувано на групни изложби во Кавадарци, Гевгелија, Куманово, Скопје.


Васко Ташковски, син на Ристо Ристовски, е роден 1937 година во с. Нижополе, Битола. Дипломира на Академијата за применета уметност во Белград 1964 година. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртежи и графика. Има реализирано 52 самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на 18 награди и признанија.

Лара Ташковска е трета генерација сликари после нејзиниот дедо Ристо Ристовски и нејзиниот татко, академик Васко Ташковски. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности-Скопје на отсекот сликарство. Лара е македонска современа ликовна уметница која работи во техниките масло, акрил и акварел. Таа поседува приватно училиште за ликовни уметности – Ателје за цртање и сликање.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …