ПЕЈАЧКАТА и актерката Џенифер Лопез наводно ја раскинала свршувачката со Алекс Родригез поради проблеми со довербата. Првично се шпекулирало дека неверството на Алекс е виновно за распадот на љубовта, но еден извор за People рекол дека Џеј Ло не можела целосно да му верува на Родригез и пред тие гласини.
„Таа инсистираше на раскинување. Има премногу нерешени прашања. Мислеше дека не е во нејзин најдобар интерес да остане со него”, изјавил извор за „People. Пандемијата влијаеше и на нивната врска. Бидејќи се гледаа секој ден, повеќе немаше искри што летаа меѓу нив.
View this post on Instagram
Изворот не ги потврдил или негирал гласините дека Алекс ја изневерил Џенифер.
„Без разлика дали тој ја изневери или не, тоа не е важно. Таа нема да толерира страв од измама”, додал тој.
Претходно се шпекулирало дека ријалити sвездата Медисон ЛеКрој е причина за нивниот раскин, но таа го негирала тоа.
View this post on Instagram
„Тој ме контактираше и, да, разменивме пораки, но освен тоа, немаше ништо … Никогаш не го видов и не го допрев. Ние бевме само познаници. Тој никогаш не ја изневери вереницата со мене”, изјавила Медисон за „Page Six”.
Џенифер по раскинувањето изјавила дека ќе остане пријател со Алекс и ќе продолжи да работи на заедничките проекти.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram