(ФОТО) Ова се најпродаваните автомобили во Европа

ПО минатогодишниот драстичен пад предизвикан од пандемијата, оваа година сме сведоци на големи промени на европскиот пазар.

Зголемената популарност на електрифицирани возила
Како што известува JATO Dynamics, на пазарот, кој забележа пад од 20%, имало нагло зголемување на популарноста на електрифицирани возила. Во текот на февруари биле продадени 115.000 електрични возила (ЕВ) и плаг-ин-хибриди (ПЕВ), што е учество од одличните 13,6%. Да потсетиме, една година порано, пред пандемијата, учеството на електрифицирани возила беше само 6,5%.


Неколку компании се над просекот на индустријата, вклучувајќи ги Hyundai (16%), BMW (24%), Daimler (27%), Jaguar Land Rover (31%) и Geely (45%). Секако, Tesla Motors е на врвот со 100. процентен удел на електрифицирани возила во продажбата. Според кажаното, очигледно е дека од традиционалните брендови, Jaguar Land Rover е најдалеку во електрифицирањето на гамата.


Ако го бараме најпродаваниот ЕВ, јасно е дека работите седнаа на очекуваното ниво. Првиот е Tesla Model 3 со продажба од 5.400 единици и удел од 55%. Второто место му припадна на VW ID.3 со 3557 регистрации, а трет е Renault Zoe со само 10 примероци помалку, но и пад од 45%.
Во сегментот на возила PHEV најпопуларен е Volvo XC40 со продажба од 3.479 примероци, но и раст од неверојатни 323%. По нив следат Peugeot 3008 и Renault Captur со околу илјада примероци помалку.


Норвешка пред сите
Норвешкиот пазар сè уште е најдалеку во електрификацијата. Тој е единствениот пазар во Европа каде електрифицираните возила се попопуларни од возилата со традиционален погон. Верувале или не, нивниот удел достигнува дури 79%.

Најпродавани класици
Во Peugeot, можат да бидат исклучително задоволни од продажбата на нивните модели. Најпродаван автомобил во Европа е Peugeot 208 со над 18.000 продадени примероци. Следува освежениот Peugeot 2008 со продадени 17.120 примероци, а на третото место е VW Golf со продадени 16.185 примероци и пад од 34%.

Фото: Volvo, Jato

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …