(ФОТО) 10. ГОДИНИ ПОДОЦНА КЕЈТ И ВИЛИЈАМ НА МЕСТОТО КОЕ ИМ ГО ОДРЕДИЛА СУДБИНАТА:Сите гледале во елегантната војвотка која дошла во посебна мисија!

Кејт Мидлтон е еден од најсаканите членови на кралското семејство и жена која редовно добива само пофалби за своите модни изданија.
Секогаш женствена, Кејт се истакнува во модниот избор за посета на Вестминстерската опатија, каде што моментално се наоѓа центар за вакцинација, за да им оддаде почит, заедно со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, на напорите на медицинските работници во борбата против коронавирусот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal)


Кралската посета на лондонскиот центар за вакцинација на војводата и војвотката од Кембриџ не помина незабележано, а Кејт Мидлтон повторно беше во центарот на вниманието.
За оваа посета, 39-годишната војвотка избрала палто во нежна крем нијанса со интересен детал со потпис на омилената дизајнерка Кетрин Вокер, а го искомбинирала со стилето чевли од брусена кожа на Џими Чу и торба во истата нијанса.
Косата ја подигнала во една од омилените фризури, полу опашка, а дискретните обетки убаво се вклопиле во овој женски стајлинг на Кејт Мидлтон.


Војводата и војвотката од Кембриџ се движеа по ходникот во катедралата каде што се венчаа на 29. април 2011 година, а најпознатата црква во Велика Британија сега е центар на вакцинација каде околу 2000 луѓе неделно ја добиваат својата доза.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам запалија свеќи и положија цвеќе во спомен на 126.000 луѓе кои починаа во Велика Британија за време на пандемијата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …