11. начини на кои го саботирате својот имунитет

Овие денови, можеби повеќе од кога било, важно е да внимаваме како можеби го нарушуваме сопствениот имунолошки систем, дури и без да сме свесни за тоа.
Заборавате дека микробите се насекаде околу нас
Сега, повеќе од кога било, важно е да не се допираат површини што можат да бидат загадени со вируси и бактерии, предупредува д-р Санџај Синха, директор на програмата за медицина Вајл Корнел во Њујорк.
Тој вели дека е добро да се носат ракавици кога ги допираме рачките во продавниците, мобилниот телефон, копчињата во лифтот, решетките во транспортот…
И што е можно повеќе, избегнувајте близок контакт со други во јавноста, пишуваат на сајтот TheHealthy.com.

Не ги миете рацете доволно често
Вируси и бактерии лазат буквално насекаде, па затоа треба да бидете сигурни дека рацете ви се секогаш чисти, советува д-р Синха. Редовно мијте ги со сапун и топла вода, а доколку немате можност, ќе послужи и некое средство за дезинфекција.


Не сте доволно внимателни кога патувате
И иако повеќето луѓе сега не патуваат толку често како порано, тие треба да знаат дека авионите и хотелите се голем предизвик за имунитетот, бидејќи тие се извор на заразни микроорганизми. Кога еден ден повторно ќе биде безбедно да патувате со авион, не заборавајте да понесете влажни марамчиња против бактерии со вас за да ги избришете масата, седиштето и држачите во авионот. Направете го истото во хотелот со далечинскиот управувач, бирото, телефонот.


Претерувате со суплементи
Многумина од нас земаат премногу минерали и витамини со цел да се заштитат од болести, дури и од ковид 19, но тоа може да биде контрапродуктивно.
Премногу витамин Ц, да речеме, над 1.000 милиграми на ден, може да предизвика проблеми со бубрезите и цревата. Исто така, премногу додатоци може да ве ослабнат наместо да го зајакнете имунитетот.


Самостојно пиете антибиотици
Антибиотиците се користат за борба против бактериите и не делуваат против настинки и вируси. Ако ги земете погрешно или премногу, ќе станете имуни на нив, а исто така можат да ги уништат добрите бактерии во нашето тело, вели д-р Синха.
Тогаш нашиот имунитет станува ранлив. Истражувањата покажаа дека оние кои земаат антибиотици за хронични заболувања имаат поголем ризик од ослабување на имунитетот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …