Искористете ја сезоната на тиквички. Подгответе ги на гурмански начин…
Потребно е:
1 филџан ориз
2,5 филџани вода
50 г суво грозје (не мора)
сол
2 тиквички
1 главичка кромид
50 г кикирики
1 лажичка лук во прав (гранули)
60 г кашкавал
50 г сланина
Подготовка:направете го оризот. Во сад ставете ги оризот, водата, сувото грозје, малку сол. Варете покриено 25 – 30 минути.
Тиквичката исечете ја по должина и извадете го „месото“ од средина. Насолете го и оставете да излезе водата. Тивичките ставете ги во намрсена тава. Издинстајте го ситно сечканиот кромид, додајте го исцеденото и исечкано „месо“ од тиквичките, мелените кикирики, лукот, додајте го оризот и наполнете ги тиквичките.
Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30 минути. Извадете ги тиквичките, ставете им сланина и кашкавал и вратете на уште 15. минути.
(ВИДЕО) Полнети тиквички на гурмански начин!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.