(ФОТО) Менаџерката на Тоше Проески собрала сили и го посетила неговиот гроб

Лјилјана Петровиќ била со музичарот во автомобилот во кој тој загинал. Таа тогаш завршила во болница со тешки повреди. На гробот на Тоше не била никогаш, се’ до неодамна…
„Времето не ги лекува раните.На неговиот гроб никогаш не сум била, немам сили за тоа ниту после десет години. Никогаш не пуштив ниту една песна што ја испеа. Не можам“ рекла Лјилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше, неодамна.Но, во неделата објавила фотографија од гробот на пејачот.
„Мојата недамнешна посета на Крушево“ напишала Лјилјана покрај отографијата, а нејзините пријатели и дале поддршка.
Петровиќ на 16. октомври 2007. година била во автомобилот со Тоше Проески, кога тој загинал во сообраќајната несреќа. Неговата менаџерка тогаш била однесен во болница со тешки повреди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …