Ѕвездата на Џејмс Бонд ненадејно починала: Пронајден е во карантин во хотелска соба!

Актерот Кенет Чанг , кој е најпознат по улогата во „Џејмс Бонд“, трагично починал на 86-годишна возраст.
Холивудската ѕвезда починала во карантин во хотел во Хонг Конг, пренесува „Mirror“.
Кенет глумеше во холивудските блокбастери, вклучувајќи ги „Rush Hour 2“ со Џеки Чен и криминалната драма „The Replacement Killers“, но беше најпознат по неговата улога во „Die another day“. Тој го играше генералот Мун во шпионскиот трилер од 2002. година, заедно со Пирс Броснан во неговото четврто и последно појавување како агентот 007.

This image has an empty alt attribute; its file name is kenet-cang-1-pak.jpg
Кенет бил во задолжителен карантин во хотелот „Ковлун“ откако се вратил од Сингапур во понеделникот.
Актерот денеска бил пронајден во бессознание од персоналот, а по обидот за реанимација можел само да биде прогласена за мртов, пренесува „”South China Morning Post“.
Изворот вели дека е констатирана смрт на лице место, иако во вторникот бил негативен на тестот за ковид.


Твитер е преплавен со проштални пораки од актерот:
„Ветеранот и актер од Хонг Конг, Кенет Чанг почина денеска додека беше во карантин во хотел во Хонг Конг. Глумеше во некои од најдобрите филмови на Хонг Конг во 80-тите и 90-тите, вклучително и ‘Ќе ми недостигаш’“.
„Ова навистина боли. Фантастичен актер кој беше голем дел од мојот живот преку киното. R.I.P – Кенет Чанг”.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …