Зошто треба да ЦЕДИМЕ ЛИМОН? Пијте еден од најздравите пијалоци на светот!

Лимонадата е една од најздравите опции кога станува збор за избор на пијалок.
Сокот од еден лимон содржи околу 30 мг витамин Ц, што е 33% од 90 мг препорачана дневна доза.
Витаминот Ц не одржува здрави на следниве начини:

Заздравување на раните
На нашето тело му треба витамин Ц за да создаде колаген. Колагенот е витален протеин кој формира дел од сврзното ткиво и е потребен за заздравување на раните.


Го зајакнува имунитетот
Витаминот Ц помага во намалување на симптомите на настинка, се бори против вируси и бактерии кои предизвикуваат болести.


Ја подобрува апсорпцијата на железо
Железото е од суштинско значење за клетките во нашето тело да преживеат и да растат.

Губење на тежина
Лимонадата е вкусна, а истовремено и малку калорична, па затоа е одлична замена за помалку здрави пијалоци како што се газирани сокови кои содржат додаден шеќер.


Здравје на бубрезите
Лимонска киселина помага да се спречи развојот на камења во бубрезите. Ги зголемува цитратите во урината и тие можат да спречат формирање камења во бубрезите или да го запрат зголемувањето на камењата. Националната фондација за бубрези препорачува мешање на сок од лимон или сок од лимета со вода како еден од начините за спречување на камења во бубрезите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …