Почина познатиот актер Љуран Ахмети – ја изгуби битката со корона вирусот


Корона вирусот зема уште една жртва од уметничкото миље…

46.годишниот меѓународно реномиран актер, Љуран Ахмети ја изгуби борбата со корона вирусот. Љуран беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии.
Од 1998 година, тој играше во европскиот филм „Куклена претстава“ како и едни од главните улоги во сериите “Kurtlar Vadisi – Pusu”, “Mutlu Ol Yeter”, “Guzel Gunler”, “Son Yaz Balkanlar”, “Bahar Dallari”, “Limonata” …
Ахмети со години беше составен дел на Народниот театар во Скопје.
Љуран Ахмети е син на познатиот писател и публицист Џабир Ахмети, а зад себе остави ќерка, сопруга, сестра и родители.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Црквите и манастирите во Гевгелиско“ – Изложбата на фотографии

На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, на перонот на Железничката …