Затоа што превенцијата е половина здравје: ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ организира бесплатни дерматолошки прегледи

Како дел од кампањата за подигнување на свеста за женското здравје, компанијата ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ за прв пат оваа година организира бесплатни дерматолошки прегледи за сите посетители на плажата Golden Beach во Охрид.


Под слоганот ,,Следи го својот ритам’’, овој јули, dm ја започна овогодинешната кампања посветена на женското здравје, во склоп на која ќе организира бесплатни дерматолошки прегледи на плажата Golden Beach во Охрид. Настанот ќе се одржи на 22 јули, од 10 до 14 часот и ќе биде отворен за сите заинтересирани.

Сите кои имаат желба и потреба ќе можат бесплатно да направат дерматолошки преглед, како и да добијат стручни и корисни совети за кожни заболувања од страна на дерматолозите.


„Бројот на кожни заболувања секоја година станува сѐ поголем и затоа е важно да се разбуди свеста на јавноста за овој проблем. Ова е една одлична иницијатива на dm, по која се надевам дека многумина ќе ја сфатат важноста на редовните дерматолошки прегледи и заштитата на кожата од сончевите зраци “, изјави  Д-р Александра Лазаревска, специјалист по дерматовенерологија, која ќе биде едно од стручните лица присутни на настанот.

Еден од најдобрите начини за превенција на прекумерното изложување на сонце е едукацијата од мали нозе и стекнувањето на добри навики. Па затоа, dm на плажата Golden Beach, освен дерматолошки прегледи, ќе организира и забава за најмалите кои ќе можат на интересен начин да се информираат за тоа како е најбезбедно да си играат под сонцето!


Соодветната нега и заштита на кожата е само една од многуте теми кои ги опфаќа кампањата за женско здравје на dm, која ја слави различноста на жените и има за цел поддршка на сите припаднички на женскиот пол, преку зајакнување на инклузивноста и разбивањето на застарените бариери во општеството. Од компанијата, во којашто 90 проценти го сочинуваат женскиот колектив, порачуваат дека ова е само уште еден начин да продолжат да ја инспирираат заедницата на позитивни промени и здрави навики.

„dm, како компанија, постојано и на разни начини поддржува иницијативи за унапредување на здравствената заштита. Како дел од една поголема кампања насочена кон женското здравје, оваа година се одлучивме да спроведеме иницијатива за бесплатни дерматолошки прегледи, со што сакаме посебно да ја потенцираме клучната улога на превентивните прегледи и преку нив да ја подигнеме свеста за целокупното здравје на жените.“ – изјавија од компанијата во врска со организацијата на овој настан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Скопје Куп 2024 – изложба на макети, диорами и минијатури

Во организација на макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски Микс“ од Скопје, од 1-ви до 3-ти …