„Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски на 17.11.2023 и 21.11.2023 со почеток во 20.00 часот

 Безвременскиот, волшебен класичен балет „Заспаната убавица“ преточен во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски  ќе се изведе на 17 и 21 ноември со почеток во 20.00  часот на  сцената на Националната опера и балет. Билетите за претставата на 17 ноември се распродадени!

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор, Јане Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски.


Во главните улоги на 17 ноември ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Аманда Роча (Бразил), Ангела Велевска.

Во главните улоги на 21 ноември ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Наташа Трендафилова Гицев, Ангела Богатинова.


Настапуваат солистите,  балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски  бисер.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …