На 17 ноември 2023 година, во 19 часот, во Национална Галерија На Македонија – Мала Станица, ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник Ервин Ќатовиќ (Р.Србија). Ќе бидат претставени дваесетина слики во комбинирана техника,изработени повеќето во период 2022/23 година, а и неколку дела од постариот творечки опус на Ќатовиќ.
Овој еминентен автор за првпат се преставува во Националната Галерија на Р.С.Македонија,во објектот Мала Станица, дипломец е, и магистрант на Факултетот за Ликовна уметност во Приштина. Изложбата е насловена ”Градина”,и навистина не водат неговите дела низ лавиринтот на експресијата на бои како во природата со фокус на поединечни патокази на формата.
Куратор на изложбата е виш кустос Маја Крстевска.