Заради две работи, секој БРАК СЕ СТАВА НА ТЕСТ, а тоа им се случува на многу парови!

Или ќе излезете посилни или бракот ќе пропадне.
Кога луѓето стапуваат во брак, тие секогаш имаат големи очекувања. Сакаат да трае вечно и да бидат среќни.
Сепак, она во што брзо се уверуваат е дека за добар и долг брак се потребни компромиси од двете страни.
Многу фактори влијаат на неговата стабилност, од поширокото семејство, преку пријателите, до некои надворешни околности.
Животот со себе носи различни ситуации, од кои многу може партнерите да ги стават на искушение.
И’ тогаш се доведува во прашање нешто што се гради и негува со години.
Кога се случуваат тешки работи, како што се болести, проблеми со плодноста, па дури и изневерување, најдобро е да видите колку паровите се спремни да се жртвуваат и да се придржуваат до познатото „во добро и во лошо“.
Исто така, постојат две ситуации кои ја ставаат врската на сериозен тест, а кои на сите им се случуваат.

Раѓање на дете
Тоа е моментот што сите го чекаа. А она за што повеќето парови не се подготвени е тоа што првите месеци по раѓањето на детето се и прекрасни и тешки во исто време. Недостатокот на сон и сомнежите за се што правите предизвикуваат нервоза, па и кавгите се почести.
Потрудете се грижата за детето подеднакво да ја делите со партнерот, за да не го носите сами целиот товар. Ќе го намали стресот и ќе ве поврзе уште подлабоко.


Отказ на работа
Една од најчестите расправии меѓу паровите се финансиите. Затоа секоја финансиска криза е огромен товар за бракот, а недостатокот на основни средства за живот може да ги натера луѓето меѓусебно да се обвинуваат за отказ, лоши инвестиции или непромислено трошење.
Кога некој ќе добие отказ, тоа веднаш го менува претходниот начин на живот, предизвикува стрес и влијае на целото семејство. Треба да му пристапите со ладна глава и заедно да одлучите кој е вашиот следен чекор.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …