ЗАБЕЛЕЖЕТЕ ГО НА ВРЕМЕ – Изненадувачки симптом кој се јавува пред срцев удар

Болката во вратот која ве тера да одите наоколу со навалена глава на едната страна може да биде доста честа и безопасна, но може да биде и симптом на сериозен проблем.
Се смета дека околу секој петти Британец е погоден од оваа болест секоја година, според студијата во British Medical Journalu, пренесува The Sun.
Во повеќето случаи, болката во вратот е предизвикана од лошо држење на телото, стегнат нерв или вратот заглавен во непријатна положба за време на спиењето.
Меѓутоа, во некои случаи, досадната болка може да биде показател за нешто посериозно – како срцев удар.
Истражувањата покажаа дека иако 70 отсто од луѓето знаат дека болката во градите е симптом на срцев удар, помалку од 30 отсто се свесни за помалку познати симптоми, како што е болката во вратот.

This image has an empty alt attribute; its file name is znaci-za-bolno-srce.jpg


Други симптоми на срцев удар може да вклучуваат:

– болка во градите – чувство на притисок, тежина, стегање во градите


– болка во други делови од телото – може да се чувствува како болката да се шири од градите кон рацете, вилицата, грбот и стомакот

чувство на вртоглавица


– потење

– отежнато дишење

– гадење или повраќање

– чувство на вознемиреност (слично на напад на паника)

– кашлица

This image has an empty alt attribute; its file name is sindrom-na-skrseno-srce.jpg

Иако болката во градите е често силна, некои луѓе може да доживеат само мала болка, слична на онаа од лошо варење. Додека најчестиот симптом на срцев удар и’ кај мажите и’ кај жените е болка во градите, жените имаат поголема веројатност да искусат други симптоми како што се отежнато дишење, гадење/повраќање и болки во грбот или вилицата.
Срцев удар се јавува кога протокот на крв во срцето е блокиран, што може да доведе до изгладнување на кислородот и потенцијално сериозно оштетување на мускулите.
Срцевиот застој, кој некои го мешаат со срцев удар, е различен – обично се случува ненадејно и без предупредување и лицето брзо ја губи свеста.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …