За оваа сабота (26.08.2023 година) Градот Скопје закажува ново бесплатно филмско дружење на отворено, овојпат со проекцијата на „Балканот не е мртов”

За оваа сабота (26.08.2023 година) Градот Скопје закажува ново бесплатно филмско дружење на отворено, овојпат со проекцијата на „Балканот не е мртов” од режисерот Александар Поповски. Киното на отворено ќе биде поставено на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, а филмот ќе почне во 20:30 часот.

Како дел од богатата културна понуда на Град Скопје во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година овие филмски вечери на отворено прераснуваат во омилена активност на голем број граѓани кои го посетуваат Градскиот парк и ги исполнуваат викендите со дружење и забава.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …