ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА НА АЕРОДРОМ КАЗНА ОД 32.000 ЕВРА: Австралија донела драстични мерки во борбата против короната

Заклучувањето на границите на одредени држави ги оштети и нашите иселеници
СЕКОЈ што не носи маска на аеродром во Западна Австралија ќе плати казна до 50.000 австралиски долари (32.000 евра), како дел од новите, драстични мерки за запирање на ширењето на мутираниот, многу заразен вид на вирус.
Минатата недела премиерите на австралиските држави се согласија дека носењето маски ќе биде задолжително на летовите низ Австралија.
Премиерот на Западна Австралија, Марк МекГован, ги заостри мерките што ги договори со своите колеги премиери, велејќи дека маските во таа австралиска држава не се задолжителни само во авионите, туку и на аеродромите, објави „Дејли меил“.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …