„За нас почнува живот“ вечерва во Драмскиот Театар во Скопје

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „За нас почнува живот“.

Автор: Ѓерѓ Шпиро
Превод: Маја Бражанска
Режија: Дејан Пројковски
Костимографија: Марија Пупучевска
Музика: Горан Трајкоски
Асистент на режија: Дамјан Димовски
Плакат и видео: Стојан Стојановски


Улоги: Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Нино Леви.

Маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце и поглед на море . И токму кога сметате дека угоре е високо, а удолу длабоко добивате милиони на лото. И како понатаму…Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото. Во што се претвори денес современиот човек, во што верува, во што се надева, има ли љубов во себе. Претставата се занимава со големите прашања за смислата на животот на малиот човек. Шпиро пишува како модерен Чехов, повторно за МАЛИОТ ЧОВЕК СО ГОЛЕМИ СОНИШТА. Современиот човек живее постојано со истите проблеми, очекувања и прашања. Можна ли е ИНСТАНТ СРЕЌА. Можно ли е еден ден да се разбудиме и во огледалото конечно да го погледнеме идеалниот човек, победникот, бесмртниот, најубавиот… Има ли начин конечно ЖАБАТА да се погледне во огледало и да види дека е ПРИНЦ. Нашите ликови се дел од проектот на Диоген,кој што тргнал сред бел ден со свеќа во раката да го бара човекот. Оваа претстава е бурно трагикомично патување низ душата на малиот човек. Претставата е смешна бидејќи таков е животот, но претставата е и тажна бидејќи како што знаеме таков е животот. Претставата не се занимава со општите и глобалните планетарни теми. Светот одамна го заборави човекот. Светот престана да го бара човечкото во човекот. Секој човек е мал универзум, а ние заборавивме да зборуваме за тој мал универзум, заборавивме да се запрашаме што се случува со човекот. “За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден , што работи со нас , што ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …