Вртешка – Интердисциплинарни Активности – 2023

Второто издание на проектот „Интердисциплинарни активности – Вртешка 2023“, овозможува на луѓето од различни професионални и креативни дисциплини во креативни лаборатории, да ги споделуваат своите специфични пристапи и искуства, да ги освестуваат параметрите на експериментот и креативноста, преиспитуваат границите и конвенциите во уметничките дела, рефлектираат и асоцираат, анализираат и ги аргументираат своите идеи и споделуваат приказни кои имаат смисла.
Реализацијата на проектот се одвива во текот на шест месеци во четири фази. Во првата фаза менторите и предавачите во неколку сесии работеа на дефинирање на појдовните точки, креативниот материјал, елементите и алатките за работа, можностите и очекуваните резултати. Оваа година авторот – учесник ќе го умножи своето знаење, ќе ги артикулира своите размисли и ќе експериментира со четирите кардинални елементи кои ја дефинираат “уметноста во живо” – перформансот: пефрормер, драматургија, визуелен аспект, аудитивен аспект.
Втората фаза на проектот започна со објава на јавен повик за пријавување на надворешни учесници и нивна селекција со кои што во тек на месец дена во Скопје се одржаа околу дваесет и пет интензивни сесии на кои се истражуваа и развиваа одделно секоја од дисциплините за овогодинешното издание. Некои од темите кои звучеа актуелно за целиот креативен тим се: „Сон на летната ноќ”, „Позицијата на гледачот и неговиот поглед”, „Драматуршки стратегии”, „play within a play”(претстава во претстава – преведете го или плејвитин а плеј – треба транскрипција, не може да оди на англиски), „Перформативво неконвенционална средина“, „Трета слика – помеѓу она што се гледа и она што не достасува“, „Функцијата и важноста на аудитивниот аспект во изведбените уметности“, „Импровизацијата како алатка за психолошко ослободување и природата како активенсо-учесник“ , „Тело, простор“ и многу други. Во рамките на оваа фаза креативниот тим три денови престојуваше во Mellivora Studio (МеливораСтудио), Ниже Поле, Битолско, каде што се работеше на развој на елементите кои ќе го сочинуваат аудитивниот аспект и звучен инженеринг. Третата фаза на проектот ќе се случи од 20-26ти Јуни во просторот на и околу планинарски дом Вртешка на планината Плачковица. Во оваа фаза, учесниците, досега создадениот креативен материјал ќе го интегрираат во work-in-progress перформанс кој ќе има еклектичен израз и ќе трае во перидот на целиот престој во домот. Исто така, освен креативниот дел, цел на проектот е и артикулација и документирање на начинот на работата, методите, стратегиите и развојот итн.. .

This image has an empty alt attribute; its file name is vrteska.jpg


Второто издание на  ВИА, како континуитет на првото, се фокусира на продуктивната и креативната димензија на гледањето, па во таа насока, создадениот документиран материјал и рефлексиите одп роцесот ќе се споделат во формат на отворени дискусии наречени „ПОНАТАМУ„ со цел споделување на новите и враќање на суштински прашања чии редефиниции се неопходни во време на криза.
Настанот е организиран од Здружение „КУПОЛА„ – Штип, со поддршка на: Министерство за култура, Општина Штип, Општина Карбинци, Дом на Млади – Штип, Музичка академија при УГД, Качувачка Федерацијана С. Македонија, Кинотекана С. Македонија и ДПС Лисец, Штип.

Здружението „КУПОЛА“ е организација формирана од граѓани и работи во насока на подобрување на културата, културното наследство, неформалното образование, ориентални истражувања, истражување во областа на театарот, филмот, фотографијата, звукот и движењето.Освен овој настан КУПОЛА организира и останати сродни настани кои имаат идеја да афирмираат прашања за важноста на културно-просветната и публицистичаката активност во Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …