(Вознемирувачко ВИДЕО) ПОЛОШО ОТКОЛКУ ВО ПЕКОЛОТ: 300. деца пронајдени врзани во синџири! Мачени, изгладнувани и сексуално злоставувани, биле заточени во исламско училиште!

Нигериската полиција ослободила повеќе од 300 луѓе, повеќето од нив деца, кои биле држани во ланци во зграда во Кадуна, северно во земјата, соопштија официјалните лица.
Што се однесува до ослободените деца, сите тие се момчиња од петгодишна возраст до доцните тинејџерски години, пренесува Ројтерс, наведувајќи дека многумина биле оковани.
Тие биле заточени во зграда во која се наоѓа исламско училиште, а полицијата соопштила дека се уапсени седум лица. Не е познато од кога децата биле држени таму.


„Откривме дека две деца потекнуваат од Буркина Фасо а повеќето од нив ги донеле родители од претежно северните нигериски држави“, рекол портпаролот на локалната полиција, Јакубу Сабо.
Тој прецизираше дека наставниците во тоа училиште биле уапсени.


Локалните медиуми објавиле дека приведените биле малтретирани, изгладнети и сексуално злоставувани.
На грбот на едно момче имало лузни кои изгледале како да се нанесени од камшик.

Децата биле пренесени во привремен камп на стадионот Кадуна, а подоцна ќе бидат пренесени во друг во предградието на градот, додека властите се обидуваат да ги најдат нивните родители.


Во северниот дел на Нигерија, главно живее муслиманското населени, во најсиромашната област каде повеќето живеат со помалку од два долари на ден, има исламски училишта каде родителите често ги оставаат своите деца, соопштила британската агенција.

Екран.мк
Фото: Youtube prtscr/ZBC News Online

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …