Во петок на сцената во МОБ „Ода за моќта на љубовта“:„Лебедово езеро“ – безвременски балет

Македонската опера и балет на 12 април ја најавува изведбата на безвременскиот балет „Лебедово езеро“, со почеток во 20 часот.
Ода за моќта на љубовта!

Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.


Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

Во улогата на Одета/ Одилија настапува Марија Кичевска – Шокаровска, Принцот Зигфрид е Бобан Ковачевски и во улогата на Ротбарт е гостинот од Италија Давиде Буфоне.


Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

Диригент: Бисера Чадловска.


Ирена Пасариќ, национална првенка на Хрватска, ќе гостува во НУ МОБ каде што ќе ги држи задолжителните вежби на Балетот и пробите за престојните претстави „Лебедово езеро“.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02 3118-451 и онлајн: www.mob.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …