Во овој хороскопски знак се раѓаат најпосебните жени

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Дали ги познавате оние жени кои секогаш отскокнуваат од толпата и привлекуваат внимание каде и да се појават?
Има добри шанси тие да се родени во знакот на Близнаци затоа што овој хороскопски знак најчесто зрачи со некоја магнетна привлечност, енергија и смелост. Жените родени во овој знак обично се многу активни, сакаат големи друштва и најчесто се вистински екстроверти.
Тие секогаш тврдат дека имаат многу пријатели, но она што тие нема да ви го кажат е дека истите луѓе брзо им здосадуваат па сакаат да ги променат друштвата.


Жените Близнаци сакаат флертување и се добри во тоа, но немојте да се измамите – не е лесно да се освојат. Тие се самоуверени и свесни за нивните вредности, а нивното широко знаење и количник на висока интелигенција ретко кого оставаат рамнодушни.
Тие се најгласните во друштвото, духовити се и многу забавни, но тие никогаш не ги откриваат нивните тајни, така што нивниот приватен живот е вистинска мистерија.
Кога тие навистина ќе се вљубат, тие се подготвени целосно да му се предадат на мажот, а најчесто ги привлекуваат оние што се потполно спротивно од нив, односно тивки и срамежливи момци.
Инаку, некои од познатите дами родени во овој хороскопски знак се Ангелина Џоли, Брук Шилдс, Никол Кидман, Кортни Кокс, Кајли Миног, Мерилин Монро и Натали Портман.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …