(Рецепт) Одлична идеја за појадок: Јајца печени во шунка

Одвојте 20. минути и подгответе нешто необично…а вкусно…
Потребно е:
4 јајца
8 тенки кришки шунка
4 кришки тост
сол, црн пипер
Подготовка: калапот за мафини намачкајте го со маргарин или путер. Тостот обликувајте го според кришките шунка и зацврстете со чепкалка. На една кришка тост потребни се две кришки шунка. Ставете во вдлабнувањето на калапот. Во средина искршете јајце, зачинете со сол и црн пипер по вкус. Ставете да се пече во претходно загреана рерна, на 200. степени, околу 10. до 15. минути. Доколку сакате ровки јајца печете помалку.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …