Во Кочани берза на винили и концерт на Зоки Агресор

Во Кочани во АКВА центарот во недела ќе се одржи настан за сите љубители на грамофонски плочи, ЦД-а, касети, музички книги, стрипови, музички сувенири, винилни/грамофонски алатки.

Организаторите и овој пат подготвија богата програма која освен понудата на плочи, ќе има акустичен концерт Зоки Агресор, член на легендарната група Рок Агресори.


Погледнете ја целата програма:

12:00 – 13:30 – DJ сет на Марски Мац (Скопје)
12:15 – Изложба на Владимир Мандичевски-Манде: Македонски музички плакат
13:30 – 14:00 – Промоција на книгата “Неправилен ритам” на Љупчо Јолевски
14:00 – 14:40 – Акустичен концерт – Зоки Агресор
14:40 – 16:20 – DJ сет на Гето Руди (Скопје)
16:20 – 17:05 – Преслушување/ LP промоција на албумот “Космика” на Васко Серафимов.
17:00 – 18:00 – Премиерно преслушување на ТЕСТ примерокот на LP реизданието на деби албумот на Паркети – “Грижа На Совеста”.
12:00 – 18:00 3-та Регионална средба на љубители на винили
– АП(о)ТЕКА – Скопје
– Комисон Шишко – Кочани
– Kovach – Скопје
– Q Rec – Куманово
– Crazy Vinyl Shop – Крагујевац
– Yugovinyl – Белград
– NVO Gramofonske ploce – Подгорица
– Gile – Крушевац
– Биџо – Прилеп
– Boban Antique Records – Скопје
– Проф. Гордан – Скопје
– Чув Де Чув – Скопје


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …