Во издание на „Македоника литера“ ОБЈАВЕН РОМАНОТ „ДОСАДНИКОВ“ ОД УКРАИНСКАТА ПИСАТЕЛКА АНА БАГРЈАНА

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Досадников“ на украинската писателка и преведувачка Ана Багрјана, во превод од украински јазик на Ленче Тосева.
Романот е добитник на специјалната награда на издавачите на меѓуна¬родниот литературен натпревар „Крунисување на зборот“ (2012) и беше номиниран за наградата за книга на годината во Украина. Во романот е раскажана современа приказна за себебарањето во лавиринтото и хаосот на современиотначин на живеење. Главниот лик, Антон Досадников, кој дипломирал на Институтот за новинар¬ство, се обидува да ја пронајде својата струка во животот. Откако извесно време работи како дописник за политички вести, потоа – како крупие во казино и на крајот – како шеф на `Одделот за преиспитување` во списанието „Криминален свет“, се соочува со болестите на своето време. Го прогонуваат опсесивни соништа и грешни мисли за сенишна монахиња. Антон оди во црква во потрага по ментална рамнотежа, каде, наместо тоа добива понуда да стане главен уредник на црковен билтен. Неговата нова работа го инспирира за нови гревови и злосторства, тајно ги снима исповедите на мирјаните. Антон е отпуштен од оваа работа и го остварува својот долгоочекуван сон – да отвори свој ресторан, каде посетителите ќе имаат можност да се исповедаат еден на друг и да добијат прошка за сите гревови. Но сонот набргу се претвора во кошмар…
Ана Багрјана (1981, Фастив, Киевска област, Украина) е поет, прозаист, драматург и преведувач. Завршила украински jазик и литература во Киев. Автор е на поетските книги „Соцветие од зборови“ (2000), „Сред виолетовите соништа“ (2002), „Меѓу бого¬ви¬те и нас“ (2005), „Прошетка по jаже“ (2008), „Другите ли-нии“ (2009), „Баење од љубов“ (2011); романите „Етимоло¬ги¬jа на крвта“ (2008), „Толку необична љубов“ (2010), „Досадников“ (2012), на книгата „Македонски раскази“ (2016); книгите со проза за деца „Животи на истакнати деца“ (2010), „Приказни од градскиот парк“ (2014), „Генја“ (2015), „Остварени мечти“ (2015); повеќе драмски дела, раскази и критички статии, обjавени во антологии, алманаси и литературни списаниjа. Изведени се претстави со пиеси и либрето на Ана Багрjана во Украина, САД и Македониjа.

This image has an empty alt attribute; its file name is maketa-korica-2.jpg
Преведува од словенски jазици. Превела петнаесетина дела од македонски на украински јазик, а во украински книжевни весни¬ци, списаниjа и интернет-страници обjа¬ви¬ла голем број преводи на песни, раскази и драми од маке¬донски автори, како и статии за современата македон¬ска книжев¬ност. Составувач и преведувач е на „Антологиjата на совре¬ме¬ната поезиjа на Република Македо¬ни¬jа“ (2012) на украин¬ски jазик.
Наградена е со повеќе украински и меѓународни кни¬же⬬ни награди.
Неjзини дела се преведени на полски, азербеjџански, бугарски, руски, македонски, фран¬цуски, англиски, латвис¬ки, ерменски, албански, српски, хрватски и на други jазици. Во Македо¬ниjа се објавени: „Толку необична љубов“ (2010), „Пиеси“ (2011), „Ѓерѓеф“ (поезиjа, 2012), како и нејзината книга со раскази за деца „Приказни од скопскиот парк“ („Македо¬ни¬ка литера“, 2016)
Учествувала на сите поголеми и позначајни книжевни мани¬фес¬тации што се одржуваат во Република Македониjа, а трипати учествувала и на Летната школа на Меѓународниот семинар за македон¬ски


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …